Владата планира да иницира заедно со граѓанскиот сектор идеи за модел за вклучување на најквалитетните претставници од Граѓанското општество (ГО) во преговарачките тимови по поглавја со ЕУ, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната дебата „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“.

– Се надеваме дека навистина брзо ќе имаме можност и да добиеме датум за преговори и да ги започнене преговорите со ЕУ. Овој вид партнерство над државата на Македонија и е насушна потреба. Станува збор и за пишување на одговорите по поглавја што ќе бидат отворени откако ќе биде утврден датумот за преговори, но пред сė се работи за сериозен и темелен процес во кој што треба да бидат вклучени најдобрите и најупатените без разлика на тоа од каде доаѓаат, дали од институциите или од ГО – рече Манчевски.

Појасни дека во контекст на принципите на транспарентност и отчетност и соработка со граѓанскопт сектор, Владата, очекува и охрабрува вклучување на претставници и цели тимови на ГО-и и во останатите сфери, затоа што голем дел од ресурсите што може да дадат придонес за затворање на поглавјата се наоѓаат токму во граѓанскиот сектор, а сите, вели, мора да се вложиме она што е клучен интерес за нашата држава во следниот период.