Заменик-министерот за одбрана Беким Максути денеска во Австрија оствари средби со генералниот секретар во Федералното министерство за одбрана Волфганг Бауман и со директорот за одбранбена политика генерал – мајор Јохан Франк.

На средбите станало збор за интензивирање на билатералните односи, особено во одбраната и за очекувањата за добивање покана за членство во НАТО.

Од Министерството за одбрана информираат дека на средбата со директорот за одбранена политика генерал-мајор Франк, заменик-министерот ги претставил постигнувањата на Македонија во изминатиот период, очекувањата за добивање на покана за членство во Алијансата и содржините на Стратегискиот одбранбен преглед.

Станало збор и за унапредување на соработката меѓу двете министерства, особено во областа на одбранбената политика, стратегиските комуникации, како и за можности за школување питомци во воените училишта во Англија.

На средбата е поздравено претседателството на Австрија со ЕУ и е искажано уверување за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ.