Македонците под покровителство на Македонската Православна Општина од Џелонг, Австралија на годишното собрание, непосредно пред Илинден, донесоа резолуција во која повикаа ги повикаа сите македонски политички и општествени чинители на обединување околу националните и стратешките прашања и интереси на Македонија.

Резулуцијата била испатена до претседателот на Македонија, Собранието на Македонија и сите македонски политички партии.

Во понатамошниот дел од резолуцијата се вели дека треба да се прекинат, осудат и отфрлат сите договори, преговори, декларации и платформи кои се штетни за македонската држава и македонскиот  народ. Македонската Православна Општина од Џелонг од македонските државните институции бара поништување на Преспанскиот договор, Декларацијата за пријателство со Бугарија и Тиранската платформа.

Македонците од Џелонг апелираат да се остават настрана сите нископартиски интереси и во интерес на идните македонски поколенија да се зачуваат македонските национални интереси.