Четворица македонски граѓани кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу, слетаа во Виена. Тие слетале со чартер лет, по телефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи, Никола Димитров и автрискиот министер, Александер Шаленберг.

– Во исклучително отежнати услови за репатријација особено за затекнатите граѓани на други континенти, упатуваме голема благодарност до министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, како и до австриското МНР, за солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти при заемното помагање помеѓу земјите – вели Димитров.

Од Министерството за надворешни работи нагласуваат дека се во постојана комуникација со надлежните власти на земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, правејќи напори за преземање на нашите граѓани од другите континенти со заеднички прекуокеански лет, како што беше и случајот со Австрија.