Шест организации на македонското малцинство во Бугарија, сметаат дека податоците од неодамна завршениот попис кај источниот сосед на Македонија се „неточни, пристрасни и неупотребливи“. Тоа е заклучокот што го изнесуваат во нивната писмена реакција, насловена како „Позиција на организациите на македонското налцинство во Бугарија во однос на пописот спроведен во 2021 година“. Заклучокот произлегува од нивното согледување на условите на споведување на пописот, што ги наведуваат во реакциијата.

Откриваме дека:
1. Пописот е спроведен без посебна графа „македонски“ во духот на официјалната политика на негирање на малцинството и третман на македонското самоопределување како, отпадништво и предавство на државата и во атмосфера на масовна антимакедонска пропаганда, силна омраза кон Македонците, многу заладени односи и масовна кампања против Р. Македонија и македонската нација.
2. Се одржа во услови на одамна всаден страв – преку стотиците испратени во затворите и илјадниците интернирани, отпуштени или на друг начин мачени за време на комунизмот, поддржани од државната политика во последните децении, преку неказнетиот збор на омраза кон Македонците, насилство врз поединечни активисти, забрани за саеми, одбивања за регистрирање организации и повикување илјадници членови на македонските партии и организации и нивни блиски на распит во полициски станици.
3. Државата ништо не направи за да го намали овој страв кај народот, ниту организираше кампањи за подигање на свеста за да им објаснат на луѓето дека е нивно право да се попишуваат како што сакаат и да се попишат како Македонци е дозволено, а не е кривично дело.
4. На попишувачите не им беше наложено (или барем на малкумина) да им објаснат на луѓето дека имаат целосна слобода да се самоопределуваат како што сакаат. Напротив во многу случаи го прекршиле ова право, се расправале со луѓе или манипулирале со нив.
5. На македонските организации не им беше дозволено да спроведуваат кампања за подигање на свеста преку медиумите, охрабрувајќи ги Македонците да се самоопределат како што сакаат и без страв – се наведува во позицијата на македонските организации во Бугарија. По наведување на повеќе конкретни примери на прекршување на правото на самоопределување, во позицијата се заклучува: „Поради сето горенаведено и земајќи го предвид државниот став по прашањето за (не)постоење на македонското малцинство, сметаме дека податоците од пописот, воопшто, а особено за прашањата за бројот на Македонците и македонските говорители драстично ќе се намали, а состојбата ќе биде особено лоша кај повозрасните групи и помалку писмени граѓани. Сметаме дека податоците од пописот се неточни, пристрасни и неупотребливи.

Како потписници на позицијата за резултатите од пописот во Бугарија се наведени организациите: ОМО Илинден-ПИРИН, ОМО Илинден, Античките Македонци, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, Здружение за заштита на основните индивидуални граѓански права, Македонски клуб за етничка толеранција во Република Бугарија, Граѓанска иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и заштита на правата на граѓаните на Бугарија со македонска самосвест „Народна волја“.