Сите седум алпинисти од мешовитата меѓународна експедиција „Еверест 2018“ се чувствуваат добро и се наоѓаат во одлична психофизичка кондиција за време на тренинзите на Хималаите, рече денеска во краткиот телефонски разговор гевгеличанецот д-р Ѓорги Петков кој е единствен македонец во експедицијата.

– Денеска имаме слободен ден и во моментот сме во базниот логор откако вчера се вративме од кампот 2 на 7.200 метри каде поминавме три ноќи. Таму трениравме поставување јажиња, вертикални и хоризонтални скали кои теба да ги поставуваме на трасата по која ќе се искачуваме – изјави Петков.

Експедицијата утре ќе замине во кампот 3 кој се наоѓа на 7.800 метри и доколку се биде како што е планирано, на почетокот на мај ќе продолжи кон освојување на „покривот на светот“ – Монт Еверест.