Фото: Маја Јаневска-Илиева

Според најавите од УХМР утре се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени со УВ индекс 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.