Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел денеска го поздрави усогласувањето на третите земји со одлуката на Советот на ЕУ од 21 јуни, со која на списокот на оние кои подлежат на рестриктивни мерки се додадени 78 државјани на Белорусија и седум правни субјекти , пренесуваат медиумите во регионот.

Меѓу лицата кои беа санкционирани според четвртиот пакет има голем број судии и обвинители одговорни за бројни политички мотивирани пресуди, против новинари, активисти и демонстранти, како што е објаснето во одлуката на Советот.

Целта на санкциите беа и неколку прорежимски новинари на медиуми, ректори на повеќе универзитети за протерување студенти кои учествувале на протестите и бројни бизнисмени за блиски врски со режимот на Лукашенко.

Синот на Лукашенко Дмитриј и сопругата на неговиот најстар син Лилија се исто така на списокот за поддршката на режимот на Лукашенко, пренесуваат агенциите.

– Земјите-кандидати Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука на Советот. Тие ќе осигураат дека нивните национални политики се во согласност со оваа одлука на Советот, ЕУ ја забележува оваа обврска и ја поздравува – се вели во соопштението од Советот.

Се додава и дека Србија не се приклучила на одлуката на Советот на ЕУ да ги санкционира лицата одговорни за режимската репресија во Белорусија, но ја поддржала одлуката за санкционирање на оние кои ЕУ ги смета за одговорни за присилното слетување на авионот на Рајанер во Минск, пренесуваат регионалните медиуми.

Тоа е државната компанија за контрола на летање. Во одлуката на Советот се наведува дека компанијата е одговорна за пренасочување на авионот на Рајанер кон аеродромот во Минск на 23 мај за апсењето на опозицискиот новинар Роман Протасевич, и затоа е одговорна за репресија на граѓанското општество и опозиција.