На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија Хенли енд Партнерс, Македонија се наоѓа на 41-то место.

На оваа листа пасошите се рангираат врз основа на тоа во колку земји граѓаните на одредена држава можат да патуваат без визи.

Македонија годинава се најде на 41-во место од вкупно 100 места на листата, со 125 дестинации во кои македонските граѓани можат да патуваат без виза.

На прво место од листата на која се наоѓаат 100 држави е Јапонија, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат без виза во 189 од 218 држави, додека најлошо рангирани се пасошите на Ирак и на Авганистан. На Ирачаните и на Авганистанците не им е потребна виза само за 30 држави.

На второ место се пасошите на Германија и на Сингапур, чии граѓани без виза можат да патуваат во 188 држави, додека на трето место се наоѓаат Финска, Франциија, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска, чии државјани имаат слободен пристап во 187 земји.

Од регионот најдобро котираат пасошите на Хрватска и на Романија, кои се наоѓаат на 16 место. На Хрватите и на Романците не им е потребна виза за 187 држави.