Фото: Игор Бансколиев

Врмето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег.

Од УХМР јавуваат дека снежните врнежи ќе бидат пообилни попладне и во ноќните часови особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и до утре наутро таа понекаде во пониските места во југозападните делови ќе изнесува над 20 сантиметри снег.

На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, од пладневните часови со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.