Во знак на протест против менување на името на Република Македонија, попладнево приврзаници на „Македонија блокира“ предводена од Јанко Бачев од „Единствена Македонија“ времено го блокираа граничниот премин „Богородица“ во делот за влез во земјава извикувајќи пароли „ова е наша земја“ и дека ќе застанат во одбрана на промената на уставното име на државата.

Присутните на блокадата од повеќе организации, порачаа дека се дојдени од тука да се слушне нивниот глас и дека ќе ја продолжат битката пред Собранието на РМ, дека ќе ги посетуваат домовите на пратениците и оти од овој момент, како што рекоа, почнува семакедонскиот отпор кој ќе трае до заминување на оваа Влада.

Во моментот протестантите се повлечени од граничниот премин „Богородица“ каде сообраќајот се одвива нормално на излез и влез во земјава.