Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15 јули Министерството ќе овозможи во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време од 7.30 до 20 часот од понеделник до петок и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 8 до 16 часот.