Фото-мозаикот „Лицата на НАТО“ е поставен во прес-центарот/Фото: Маја Јаневска-Илиева

Наши известувачи од Лондон
Јасминка Павловска 
Маја Јаневска-Илиева

Сѐ е во знакот на НАТО во прес-центарот во хотелот „Грув“ во Ватфорд, каде што повеќе од две илјади новинари, меѓу кои и тимот на „Нова Македонија“, го следат самитот на Алијансата. 

Новинарите го следат самитот на мониторите

Впечатлив е фото-мозаикот составен од 30 парчиња, наречен „Лицата на НАТО“. На 29-те слики кои го сочинуваат мозакиот претставени се лицата на војници од земјите-членки на НАТО. Се очекува ликот на македонскиот војник наскоро да добие свое место во мозаикот, кога ќе се најде на 30-от дел по приемот на Македонија.

Се очекува ликот на македонскиот војник наскоро да добие свое место во мозаикот

Во близина, пак, се наоѓа фотографија од првиот самот на НАТО од 1949 година.