Сејмот на Литванија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На седницата ќе присуствува и пред пратениците во литванскиот Парламент ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Протоколот досега го ратификуваа седум земји членки на НАТО. Прва тоа го стори Грција, по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора, а вчера и Романија.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.