Насловната страница на магазинот „ХВГ“

Ликот на Никола Груевски може да се забележи на насловни страници, билборди, плакати и постери низ Будимпешта, кои претставуваат постојан потсетник на случајот со азил за поранешниот македонски премиер кој е во центарот на вниманието на унгарската јавност.

Груевски се појави на насловната страница на унгарскиот магазин „ХВГ“, на која покрај неговиот портрет е поставено и прашањето „Зошто Орбан го крие македонскиот бегалец?“. 

Oпозицијата закачи постер со ликот на поранешниот македонски премиер на зградата на унгарскиот парламент, со пораката „ВИП-бегалецот на Орбан“, во понеделникот.