Фото: Игор Бансколиев

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба.

Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако земјата не доби датум за започнување преговори со ЕУ.

Како што најави и премиерот Зоран Заев, во фокусот на лидерската средба ќе биде организирањето на предвремените парламентарни избори.

Покрај лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на средбата пристигнаа и лидерите на партиите од албанскиот политички блок. Беса и ДУИ веќе побараа предвремени избори, а ваквата одлука на премиерот ја поздравија и од Алијансата за Албанците.

По завршувањето на лидерската, за вечерва во 20 часот закажана е и средба на премиерот Заев со помалите коалициски партнери.