Бесплатниот одмор за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток летово нема да се реализира.

Ваквата одлука ја усвои Владата на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, кое предложи спроведувањето на проектот да се одложи, односно тој да не се реализира за летото 2020 година.

Одлуката се носи во време кога во сила се мерки против ширењето на коронавирусот за кој постојат многу индикации дека годинава во голема мера ќе ја ограничи сезоната на одмори.