Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на ЕУ, рече новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Длабоко жалам поради тоа, бидејќи верувам дека овие земји направија значителни напори за да се приближат кон ЕУ и затоа многу е важно да им се даде вистински сигнал – изјави таа пред да влезе на Самитот во Брисел.

Лидерите на ЕУ за време на вечерата треба да разговараат за можностите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, откако за тоа не беше постигнат консензус на ниво на министри за надворешни работи.

Мнозинството земји членки го поддржаа отворањето пристапни преговори со Скопје и Тирана, а Франција бара промена на методологијата на процесот на пристапување.