Вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини. За ова информираше градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.

Градоначалникот вели дека екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините.