Во утрешниот број на „Нова Македонија“ прочитајте ги колумните на академиците Љупчо Коцарев и Катица Ќулавкова, каде што тие ги изнесуваат своите гледишта за актуелните предизвици во сите сегменти на македонското општество, низ призмата на случајот со неврачената награда „Гоце Делчев“. Академик Коцарев се прашува дали односот на државата спрема наградата се должи на нејзиното име, односно политичкиот контекст од актуелниот македонско-бугарски спор… Академик Ќулавкова ја поставува тезата: што го сочинува идентитетот на Гоце и прави тој да биде неотуѓив дел од македонското културно-историско наследство.