Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес конференција, истакна дека за оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, ќе се дебатира по претседателските избори.

-Оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски е нотирата до Владата, но според сите законски прописи, истата ќе биде разгледувана по претседателските избори. Управата за санкции го процесира тој извештај. Оставката е чин на морална одговорност и не гледам проблем дека е сега поднесена- истакна Бошњаковски.

Од владината прес служба, во денешното соопштение до јавноста, информираат дека Владата на 123-тата седница го констатираше поднесувањето на оставката од страна на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари Ѓоко Котевски. Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.