Во организација на Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб – Скопје, денеска ќе се одржи конференцијата „50 години македонска дипломатија“.

На конференцијата воведно обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер.

Пред присутните ќе се обратат и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, државниот секретар Зоран Попов, дипломати и амбасадори во Министерството за надворешни работи, а од дипломатскиот кор ќе се обрати амбасадорот на Словенија во земјата, Милан Јазбец.

Во фокусот на обраќањата ќе биде развојот на дипломатската служба од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, кое е претходник на современото Министерство за надворешни работи, кое се етаблира во 1991 година на Денот на независноста.