По добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека неколку работници во скопска фабрика за производство на пиво и сокови се затруле со храна, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје вршат вонредна инспекциска контрола во мензата.

Целта на контролата, соопшти АХВ, е утврдување на евентуалниот причинител на труењето.

Инспекциските служби ќе земат мостри од храната што се подготвувала/послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата.

-Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена, информира Агенцијата.