Во Тетово вчера била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси комбиња.

Со контролата било утврдено дека 14 возила имале неисправни сопирачки, едно истечена регистрација и осум биле со неизвршен технички преглед, велат од МВР.

Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Соодветно се санкционирани и четири други видови прекршоци.

Акциска контрола за техничка исправност на возилата, пред два дена била спроведена и на гостиварското подрачје. Притоа, кај пет возила била откриена неисправност на сопирачките, а едно возило било со истечена регистрација, поради што тие се исклучени од сообраќај и санкционирани со соодветни налози.