Распишан е конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во областа на новинарството и публицистиката. Конкурсот е отворен вчера и ќе трае до 31 октомври.

Наградата им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Се состои од диплома и паричен износ, а во една година може да се доделат најмногу две награди.

Адресата на која треба да се достават иницијативите е: Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје.

Повеќе информации за условите за учество на конкурсот се објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

На годинашните добитници наградата ќе им биде врачена во Собранието ан Република Македонија на 21 декемеври –  денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Оваа државна награда првпат е доделена во 1969 година.