Фото: Игор Бансколиев

Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, е продолжен до 12 август.

Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен, го продолжи јавниот конкурс за пријавување и ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk.

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила, соопшти Државниот завод за статистика.