Фото: Маја Јаневска-Илиева

Комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска престојува во посета на земјава и како што соопшти Владата, тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а ќе одржат и заедничка прес конференција.

Исто така денеска во посета на Битола е и вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, кој, како што е предвидено утре во Скопје да има средба со премиерот Заев, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.