Изградба на нова хируршка сала со комплетна опрема, како и реновирање на нов болнички оддел се новините на кои интензивно се работи на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, најави министерот за здравство Венко Филипче кој ја посети клиниката.

Од ресорното министерство информираат дека новата хируршка сала е комплетно опремена со нова опрема и ќе биде една од најмодерните и опремени сали на ниво на цела држава.

– Со новиот болнички оддел ќе се зголеми капацитетот на хоспитализирани пациенти за една третина. Истото ќе се постигне со зголемување на капацитетот со 15 болнички кревети бидејќи претходно одделот беше предвиден за 50 пациенти – се наведува во соопштението.

Министерот за Филипче при посетата на Клиниката, заедно со директорот и вработените направи обиколка низ просториите кои ќе бидат дел од целосното реконструирање.