Воведен е времен режим на сообраќај на делницата Велес-Неготно, кај наплатната станица Градско, и обратно, поради градежни работи за изградба на електронски систем за наплата, информира Автомотосојузот на Македонија.

Времениот режим ќе трае до април следната година согласно одобрението од Министерството за транспорт и врски.