Новинарски екипи од повеќе медиумски куќи од Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина специјализирани за туризмот во следните четири дена ќе ги посетат највпечатливите туристички атракции во Република Македонија. 

Инфо турата е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со ЈСП Турс.

Првиот ден, како што информираат организаторите, на агендата се посета на Скопје со  Старата Чаршија, Старата железничка станица, Спомен куќата на Мајка Тереза, црквите Св. Спас , Св. Димитрија, плоштадот Македонија, гастрономијата и Калето.

Вториот ден  е резервиран за Пантелејмон ,Кањонот Матка со пештерата врело, Националниот парк Маврово, Јован Бигорски, Дебарското езеро, градот Дебар и Струга, каде новинарите ќе имаат можност да ги видат природните убавини и запознаат со можностите за рурален , екотуризам и алтернативните форми на туризмот со кој овој дел на Македонија изобилува.

Третиот дена, на агендата се градот Охрид и охридската ревиера со посета на неговите природни и културни знаменитости, гастрономијата и мистиката која ја поседува како град под заштита на УНЕСКО.

Последниот ден ќе биде посетена на градот на конзулите Битола  и винскиот регион на Македонија со посета на винскиот пат и дегустирање на повеќе врвни сорти на македонски вина.