Со поддршка на Министерството за надворешни работи на Израел и амбасадорот на оваа земја во РСМ, Дан Оријан, основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ од Кичево, доби техничка опрема и за прв пат безбеди и 3Д принтер,  што во моментов го прави единствено основно училиште во земјава, со вакво современо помагало. Покрај 3Д принтерот, оваа донација се состои и од обични принтери, паметни табли со проектори и лаптопи. Заедно со опремата донирана е и специјална илустративна изложба,каде низ илустрации и кратки коментари се прикажани и опишани примери за иновации и претприемништво.

На примопредавањето Израелскиот амбасадор во земјава, Дан Оријан истакна, дека е од исклучителна важност да се вложува во образованието и иновациите во нашата земја и дека Израел ќе продолжи со развивање на партнерството со Македонија во различни сегменти. Нашето минато е заедничко и ќе продолжиме да го негуваме и во иднина и ќе работиме како партнери на многу проекти.

Со оваа донација , учениците од ова основно училиште, ќе имаат можност и пристап до подобра техничка опрема за следење на наставата.

На церемонијата за донираната опрема се заблагодарија, претставникот задолжен за образование на Општина Кичево, Емин Насуфи и директорот на  училиштето со 630 ученици, Драган Андрески.

И двајцата во своето обраќање се заблагодарија на Израелската амбасада на донацијата и истакнаа дека оваа донација во добра мера ќе го зголеми квалитетот на наставата во ова училиште и ќе помогне да се фати чекор со современиот и дигитален свет.

Инаку ова училиште годинава ќе одбележи убав јубилеј 60 години од почетокот со работа.