Вкупно 958 административни службеници вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе бидат прераспределени во институциите на јавниот сектор.

Оваа информација ја разгледала Владата на денешната седница и воедно ги задолжила органите на државната управа и претпријатијата во државна сопственост, во најкраток можен рок да започнат постапки за преземање на вработените од овој Секретаријат, информира владината прес-служба.