Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информира дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, особено во оние региони каде што има потенцијална опасност од палење на стрништата на земјоделско земјиште.

Од досегашните спроведени контроли, кои се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни од кои пет барања за прекршочна постапка за сторен прекршок, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари.

Од ДИЗ информираат дека соработката со општините, како и со полициските единици на МВР е добра, особено во Кочани каде што оваа појава е најзачестена, а сè со цел запирање на загадувањето на воздухот со палењето на стрништа, шуми и друга вегетација.

ДИЗ најави дека ќе продолжат со интензивните контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аерозагадувањето.