Обезбедување на адекаватна просторија за починати пациенти или проширување на моргата која ќе одговори на потребите, ѝ е наложено на директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачевска, по инспекцискиот надзор што го изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ), откако во медиумите беа споделени фотографии и видеоснимка во кои беа прикажани условите во болницата.

Во болницата веќе се поставени паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот јазол, што со претходно решение бил забранет за употреба, според Директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова.

– Случката што се слуќи на 22 ноември во 16.30 часот кога за жал, имајќи го предвид билтенот од претходниот ден, во битолската болница имало вкупно 13 егзитирани пациенти, а капацитетот на моргата која ја имаат за сместување на починати пациенти е за четворица. На директорката ѝ е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата која ќе одговори на потребите. Во однос на изолираноста на пацинетите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми почитувајќи ги правата за приватност од Закон за права на пациенти – изјави директораката на ДСЗИ Бухова.

ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.

Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно-хигиенските услови. Како што појасни Бухова, ДСЗИ уште минатата година издал решение за тој санитарен јазол, кој е забранет за употреба, а наложена е и негова реконструкција. Тој дел од болницата пред почеток на пандемиските услови бил планиран за комплетно реновирање и пременување во геријатриски центар, но поради напливот на пациенти уште е отворен за употреба, освен санитарниот јазол.

-Тој дел од болницата пред почетокот на пандемиските услови беше планиран за комплетно реновирање и пренаменување во геријатриски центар, но заради напливот
на пациенти и овој дел од болницата е отворен за употреба, освен санитарниот јазол. Во моментов е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање, изјави – Бухова, по инспекцискиот надзор на Клиничката болница во Битола.

Директорката веднаш постапува за санирање според издаденото решение, информира Бухова, одговарајќи на новинарски прашања по средбата на инспкеторите од ДСЗИ со вицепремиерот Љупчо Николовски. М.М.