Извештајот на Советот на јавните обвинители со кој се бара разрешување на Катица Јанева стигна до Собранието утринава, објавија повеќе македонски медиуми.

Претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да ја закаже Комисиската расправа на која ќе се одлучува за извештајот, според процедурата.  Собранискиот спикер Талат Џафери потоа треба да закаже собраниска седница. Назначувањето на шеф на обвинителството го извршува Собранието, според законот за СЈО.

Во извештајот се наведуваат постапувањата на Јанева во случајот „Империја“. Советот на Јавни обвинители едногласно го усвои извештајот за разрешување на Јанева.