Македонската академија на науките и уметностите денеска го одржа 19. Изборно собрание при што се избрани дописни членови на Академијата, членови на Академијата надвор од работниот состав и почесни членови на Академијата.

– Во согласност со Законот и Статутот на МАНУ за дописен член на Академијата е избран проф. д-р Блажо Боев, за член на Академијата надвор од работниот состав е избран академик Владимир Костиќ и за почесен член на Академијата е избран Омер Калеши – се наведува во соопштението на Академијата.