фото: Архива

На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените избори за градоначалник во Охрид и Ново Село. Од денеска до утре до 19 часот, до затворање на гласачките места, трае изборен молк.

Денеска ќе гласаат 1.640 лица во казнено поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, 4.540 немоќни и болни лица.

Гласањето ќе трае од 7 до 19 часот.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 места во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.