Досегашниот претседател на скопскиот Основен кривичен суд, Иван Џолев денеска е назначен за вршител на должноста претседател на Кривичниот суд Скопје, со одлука на Судскиот совет според членот 89 од Законот за судовите.

Судијата Џолев е поставен на оваа должност поради континуитетот во работата и бидејќи судот под негово водство спаѓа во листата ажурни судови, според портпаролот на Судскиот Совет Љубиша Арсиќ.

Тој информираше и дека наскоро ќе биде објавен оглас за избор на претседател на Основен кривичен суд – Скопје, како и на основните судови во Тетово, Куманово и во Ресен.