Фото: Дарко Андоновски

Одлуките за помилување ги донесов за да спречам хаос во државата, а одлуката за амнесија се донесе за да се озаконат уцените со кои се создава хаос и се руши правната држава. Ова го порача денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање во Собранието, наведувајќи дека разликата помеѓу неговите помилувања од 2016 година и актуелната амнестија е во целите.

-Мојата цел беше помирување преку помилување, а вашата цел е обезбедување поддршка за уставните измени преку уценување. Додека јас одлуките за помилувања ги донесов за да спречам хаос во државата, вие, одлуката за амнестија ја носите за да ги озаконите уцените со кои се создава хаосот и се руши правната држава. Моите помилувања не вклучуваа спречување на постапката за конфискација на нелегално стекнат имот и подразбираше прочистување на македонската политичка сцена и промовирање на нови лица во политиката. Вашата амнестија е само уште еден преседан за уцена“, рече претседателот Иванов осврнувајќи се на неодамна донесениот Закон за амнестија, за кој рече дека го потпишал заради разоткривањето на вистинските цели и намери, а тоа е уцената.

Истакна дека уништувањето на државата се оправдува со обезбедување на иднина за државата.

-Од таканаречена заробена држава, потенцира, чувствувам дека станавме и уценета држава. Од надвор не уценуваат соседите, внатре се уценети многу носители на одлуки. Уцената стана основно средство за остварување на целите.

-Овој закон го потпишав не заради големото мнозинство со кое го изгласавте, ниту заради повеќето луѓе кои најверојатно ќе бидат опфатени со амнестијата. Ако вие Законот за амнестија го донесовте заради пратениците со цел да ви поминат уставните измени, јас го потпишав за да ги разоткријам вашите вистински цели и намери, дека оваа амнестија не е за помирување туку за уценување. Со вакво помирување не може да се помири македонскиот народ. Но, законот го потпишав и поради патриотите чија ненасилна љубов кон татковината очигледно била злоупотребена за други цели. Овој закон за амнестија нека биде сведоштво за двојни стандарди, бидејќи двојните стандарди се насилство против правдата. А без правда нема вистинско помирување, без правда нема мир“, рече претседателот Иванов.

Истакна дека уништувањето на државата се оправдува со обезбедување на иднина за државата.

-Од таканаречена заробена држава, потенцира, чувствувам дека станавме и уценета држава. Од надвор не уценуваат соседите, внатре се уценети многу носители на одлуки. Уцената стана основно средство за остварување на целите.

Порача дека се додека простувањето и помирувањето се само средство за постигнување на некоја друга цел,  вие само го девалвирате и простувањето и помирувањето.

-Национално помирување ќе настапи тогаш кога сите ние, независно од етничката, верската, политичката или која било друга припадност ќе побараме прошка од оние на кои сме им згрешиле и ќе им простиме на оние кои ни згрешиле. А прошката треба да оди рака под рака со одговорноста, рече претседателот Иванов во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија

На годишното обраќање на претседателот Иванов во собраниската сала не присуствуваат пратениците на ДУИ.