Управниот Oдбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Златко Ќурчиевски за директор на РЕК „Битола“.

Ќурчиевски на оваа позиција доаѓа од местото директор за производство во РЕК „Битола“.

Златко Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, каде досега извршувал повеќе одговорни функции.

Златко Ќурчиевски неодамна беше избран за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола, а тој во два мандати беше советник во Советот на Битола.

М.М.