Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југозападно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Со најсилен интезитет во Македонија, односно со четири степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар е почуствуван со интензитет од три до четири степени и во Скопје и Тетово со интензитет од три степени според истата скала.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, зејотресот го регистрирала во 17 часот и 38 минути со Рихтерова магнитуда од пет степени, се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија.