Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 вечерва во 18.36 часот беше почувствуван од населението во југозападните делови од земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 80 километри југозападно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Кичево.