Фото: Илустрација

Земјотред од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 6 часот и 15 минути бил регистриран во реонот на Маврово.

Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека епицентарот на земјотресот е на 65 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.