Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтер утрово е регистриран 85 километри југозападно од Скопје, во околината на Ростуше, соопшти телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.

Потресот е почувствуван во 10 часот и 44 минути.

Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.