Земјотрес со јачина од пет степени според локална Рихтерова магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија. Земјотесот којшто се случи во 4.54 часот  е почувствуван на цела територија на Македонија.

Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Потресот е најсилно почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Скопје, Прилеп и Битола. Нема информации за материјална штета.