Фото: Илустрација

Земјотрес во морето во близина на Албанија е почувствуван и во земјава. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 13 минути по полноќ бил регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува 4,6 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, од населението во Гостивар, Тетово и околината со интензитет од два до три степени, според Европската макросеизмичка скала.