Администрацијата и помошно-техничкиот персонал на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ излезе на протест пред Министерството за здравство, поради незадоволството од платите. 

Медицинската администрација негодува бидејќи не добила зголемување на платата заедно со лекарите и со медицинските сестри, како што било договорено според нивните тврдења.

Независниот синдикат на административно-техничките работници се закани со проширување на протестите доколку не бидат исполнети неговите барања.