Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, информираат од Министерството за здравство.

– Од почетокот на годинава, до крајот на јули, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања – се наведува во соопштението.

Од болницата информираат дека и во услови на Ковид-19, работата тече регуларно, односно се спроведуваат породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

– Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, задолжително е носење на заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот – нагласуваат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.