Повисоки од денешниот просек за април се нивоата на реката Вардар кај Јегуновце, кај Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Според УХМР, пониски се нивоата на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.

Зголемувања на нивоата се измерени и на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.