Под влијание на влажен воздушен бран денеска времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите во текот на ноќта и утре ќе се поинтензивни, повремено пообилни, во форма на невреме со силен ветер кој ќе достигне брзина и над 70 километри на час.

Утре се очекува дневните температури да опаднат за 10 до 15 степени.